• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

По пауза од 25 години, турнир во шах во Македонска Каменица

По пауза од 25 години, турнир во шах во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18 август 2018 (МИА) - Во Македонска Каменица во организација на новоформираниот шаховски клуб „Каменица - Саса" во тек е летен шаховски турнир.

Според организаторите, на турнирот пријавени се 20 шахисти кои ќе играат по „швајцарски“ систем на натпреварување.

- На турнирот покрај категоријата мажи сениори, ќе се одигра и мини турнир во женска конкуренција и пионери до 14 годишна возраст. Ќе се одиграат вкупно 19 кола, од кои по разигрувањето ќе се добие победникот на овогодинешниот турнир. Наградите за сите финалисти и победници ќе бидат доделени на 28 август – Денот на рударите и Ден на општина Македонска Каменица, изјави Лазо Стаменковски, претседател на шаховскиот клуб од Македонска Каменица.

Поддршка за организацијата на настанот упати и градоначалничката Соња Стаменковска.

- Им благодарам на организаторите за можноста шахот повторно да живее како игра во нашиот град. Ја користам оваа прилика да ја изразам својата лична поддршка и потребната поддршка како градоначалник за развојот на шаховската игра во Македонска Каменица како и на секој еден поединец кој ќе придонесе да се организираат вакви и слични настани, истакна по повод организирањето на турнирот, рече Стаменковска.

Турнирот се одржува по 25 години пауза. Последниот ваков настан во Македонска Каменица се одржал во 1992 година. вс/бак/11:08

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ