• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Доброгеа Суд - прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Доброгеа Суд - прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Струга, 18 август 2018 (МИА) -  Романската екипа Доброгеа Суд, предводена од поранешниот селектор на Македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски, е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако утрово го декласира домаќинот. Убедливо со 37:19 (18:5) ја победи екипата на Струга и обезбеди место во финалето на турнирот.

Екипата на Доброгеа Суд во која настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски уште во првиот дел го реши прашањето на победникот со 13 голови разлика на полувреме.

Играта во второто полувреме беше поопуштена и гледавме отворен ракомет на двете страни со многу голови, кој го добија гостите. сс/хс/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ