• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Бертола победник на Интернационалниот маратон во Охрид

Бертола победник на Интернационалниот маратон во Охрид

Охрид, 18 август 2018 (МИА) - Аргентинецот Гилермо Бертола триумфираше на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри, кој денеска се одржа во Охридското Езеро.
 
Пливачот ја помина делницата од 10 километри за 2 часа, 2 минути, 46 секунди и 68 стотинки. Втор заврши Венцислав Ајдарски (Бугарија) со време 2.02.47.50, а третопласиран беше Алехандро Хоакин Морено (Аргентина) за 2.02.49.39. 
 
Нашиот единствен преставник кај мажите, Александар Илиевски финишираше петти со десет минути заостанување зад победникот.
 
Победничката во женската конкуренција, исто така, беше од Аргентина, откако Елизабет Сесилија Биљоли победи со време од 02.10.27.69. Втора финишираше Ромина Ивинкерлајд (Аргентина) со време 2.10.42.62, а трета Ерика Јенсен (2.23.43.57).  
 
Mакедонската пливачка Ева Петровска се пласираше на петтото место со време од 02:29:28.69.
 
Вкупниот награден фонд на маратонот изнесуваше 3.400 евра. вз/вг/17:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...