• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Вардар освојувач на македонскиот ракометен Супер куп

Вардар освојувач на македонскиот ракометен Супер куп

Струга, 19 август 2018 (МИА) - Во рамки на 46. Меѓународен ракометен турир Струга 2018 синоќа се одигра македонскиот Супер куп во ракомет меѓу екипите на Вардар и Металург, во кој вардарци славеа убедливо со 33:24 (16:10).

На отвореното игралиште „Женска плажа“ во Струга, Металург имаше сили само во почетните минути од натпреварот да му се спротивстави на шамионот, кога резултатот беше 4:4, што беше знак дека Вардар треба да го засили темпото. Тоа даде резултат и предноста од минута во минута се зголемуваше и дојде до највисоко водство од 7 голови разлика и на одмор заминаа со 16:10.

На почетокот на второто полувреме Металург засили и со два гола во серија намали на минус четири, но црвено црните брзо возвратија и направија серија од четири голови за високи плус осум (20:12), што направи да нема резултатска неизвесност. Резултатот го контрокираа до самиот крај. Ова е втора титула за Вардар во Супер купот на Македонија по ланскиот триумф над Еурофарм Работник. Најдобар стрелец на мечот беше Тимур Дибиров од Вардар со осум постигнати голови.

За 10 дена, односно на 29-ти месецов овие две екипи ќе се сретнат и во првото коло на СЕХА лигата. сс/нд/08:44

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ