• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Целје и Доброгеа Суд во финале на Струшкиот ракометен турнир

Целје и Доброгеа Суд во финале на Струшкиот ракометен турнир

Струга, 19 август 2018 (МИА) - Екипите на Целје и Доброгеа Суд ќе играат вечерва во финалето на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2018 што се игра на отвореното ракометно игралиште Женска плажа.

Синоќешниот во натпревар, кој одлучуваше за првото место во групата меѓу екипите на Целје и Бешикташ, заврши 23:23 (14:9), што беше доволно словенскиот шампион да го освои првото место во групата и да игра со романската Доброгеа Суд за трофејот во вечерашното финале што е закажано за во 21 часот.

Романската екипа која ја предводи Ѕвонко Шундовски, претходно со победата над домаќинот го имаше обезбедено финалето.

Во претхотниот натпревар француски Тулуз го совлада тимот на Еурофарм Работник со 26:24 (13:12) со што го освои второто место во групата и борба за третото место на турнирот со тимот на српскиот вицешампион Железничар, предводен од легендарниот Веселнин Вујовиќ.

Во дуел за 5. место ќе играат екипите на шведски Алингсас и турскиот шампион Бешикташ, кој во своите редови го има македонскиот репрезентативец Немања Прибак.

Денешниот натпреваруачки ден ќе почне со дуел на македонските екипи Еурофарм Работник и домаќинот Струга за избегнување на последното место на Струшкиот ракометен турнир.
Во досегашниот дел на турнирот двете екипи претрпеа по три порази во групите, но не разочараа со играта и оставија добар впечаток на ова натпреварување. сс/нд/08:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...