• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Kадетите на Македонија се пласираа во кошаркарската А дивизија

Kадетите на Македонија се пласираа во кошаркарската А дивизија

Сараево, 19 август 2018 (МИА) - Репрезентативците на Македонија до 16 години го освоија третото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, дивизија Б со што се пласираа во дивизија А. Предводени од селекторот Александар Јованчев, „жолто-црвените ја победија репрезентација на Чешка со резултат од 84-66.

Марко Миловановиќ со 23 поени и 14 скока беше најдобар поединец во редовите на Македонија. Андреј Андоновски реализираше 15 поени, а со по 10 поени мечот го завршија Павел Данаиловски и Лука Савичевиќ.

- Ова е неверојатно, ова е тоа за што работевме две ипол години. Им честитам пред се на играчите и на стручниот штаб, им благодарам на сите што не бодреа, му благодарам на координаторот и на Македонската Кошаркарска Федерација што веруваа во мене и покажаа доберба дека можам да бидам на чело на овој проект! Радувај се Македонија, истакна селекторот Јованчев по мечот, цитиран од КФМ. вз/нд/09:29

###

Фото: КФМ

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ