• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Иџе не ја заврши втората трка во Асен

Иџе не ја заврши втората трка во Асен

Асен, 19 август 2018 (МИА) - Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе не ја заврши втората трка во Асен, Холандија, дел од европскиот ТЦР шампионат.

Стефановски ја заврши трката откако имаше контакт со некој од конкурентите уште во првите свиоци и неможеше да продолжи поради оштетувањата на неговиот автомобил.

Вториот на учесник во трката Виктор Давидовски финишираше на 15-тата позиција.

Победник денеска беше Унгарецот Атила Таши, со Хонда, втор заврши Микел Аскона, трет Душан Борковиќ.

Иџе и Давидовски вчера финишираа на 16-тата и 17-тата позиција на првата трка во Холандија.

Следните две трки се возат во Монца, на 22 и 23 септември. вз/нд/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ