• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Младите ракометари поразени во борбата за бронзата на ЕХФ шампионатот

Младите ракометари поразени во борбата за бронзата на ЕХФ шампионатот

Тбилиси, 19 август 2018 (МИА) - Македонските ракометари до 18 години загубија во дуелот за третото место од Швајцарија со 35-31 (16-16) на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Грузија.
 
Дуелот беше доста изедначен и на пет минути пред крајот резултатот на семафорот гласеше 28-28. Швајцарците постигнаа неколку брзи гола, а највисока предност Швајцарија имаше во последните минути, при резултат 35:30. 
 
Серафимов постигна седум гола за нашиот тим, а Костески го следеше со шест. 
 
„Црвено-жолтите“ го совладаа денешниот противник во групната фаза, но Швајцарците кога требаше успеаја да ни се реваншираат и да го освојат третото место. Шансите за влез во „А“ дивизијата, сепак беа загубени со вчерашниот пораз од Белорусија. вз/вг/16:38

###

 
ФОТО: РФМ

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ