• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кадетите на средба со Наумоски

Кадетите на средба со Наумоски

Скопје, 20 август 2018 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години која го освои бронзениот медал на Европското првенство Б дивизија денеска оствари средба со претседателот на МКФ Петар Наумоски.

- Би се навратил уште од самиот мој избор за претседател, каде што најголемиот акцент го дадов на работата со младите категории затоа што се гледаше веќе тоа од многу подалеку дека работата и континуитетот со младите изостанува во последните 15-16 години. На некој начин, вештачки се радувавме на успехот во 2011 година, затоа што мислевме дека со тој успех, ќе продолжи развојот на македонската кошарка и создавањето на младински играчи. Ако не се работи со нив, тие нема сами да се создадат, изјави Наумоски.

Тој се заблагодари на играчите и стручниот штаб за залагањето и најави понатамошна поддршка за младинските селекции.

- Не застануваме тука. Концентрирани сме на целата кошарка, не само на машката, туку и на женската кошарка. Се надевам дека сите што работат и сите што ќе работат во иднина ќе одат по ист правец и нема да погрешат, да направат отстапка од овие проекти. Ова раководство веќе има програма, се заложивме да добиеме спортска сала во трајно користење на подолг период и ќе добиеме свој „дом“. Таму ќе продолжи активноста со репрезентациите, каде ќе има тренери, нутриционист, психолог... Ќе се работи за да се задржат сите деца и да не се дозволува нашите деца да одат надвор од нашите граници, истакна Петар Наумоски. зс/13:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...