Илиевски го објави списокот на играчи за дуелите со Србија и со Ерменија

Илиевски го објави списокот на играчи за дуелите со Србија и со Ерменија

Скопје, 21 август 2018 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години Добринко Илиевски, денеска ги соопшти имињата на 22. повикани за претстојните натпревари со Србија и со Ерменија.

На списокот на Илиевски се:

голмани: Ристе Јанков, Христијан Стевковски и Филип Трајчевски;

одбрана: Ване Јованов, Сабахудин Омеровиќ, Тодор Тодоровски, Агрон Руфати, Филип Трајковски, Алекса Амановиќ и Михаил Маневски;

среден ред: Давор Здравковски, Јани Атанасов, Енис Фазалгиќ, Стефан Јефтовски, Агон Хани и Тихимир Костадинов;

напад: Петар Петковски, Димитар Митровски, Марио Крстовски, Никола Ѓорѓев, Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

Македонија на 7 септември гостува во Србија, четири дена подоцна (11 септември) е домаќин на Ерменија.

„Црвено-жолтите“ во групата 7 во квалификациите за ЕП 2019 имаат три бода и се без шанси за висок пласман. Србија е лидер со максимални 18 бода, Русија има 16 бодови, Австрија 12, Ерменија 7, а последен е Гибралтар со 3 освоени бодови. зс/12:54

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.