Русинот Глеб Калараш го засилува Вардар

Русинот Глеб Калараш го засилува Вардар

Скопје, 21 август 2018 (МИА) - Рускиот репрезентативец Глеб Калараш (27) е нов член на РК Вардар. „Црвено-црните" потпишаа едногодишен договор со пивотменот и тој веќе го одработил првиот тренинг со екипата. 
 
Калараш, кој е висок 205 см, играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција за Русија. Тој беше дел и од неодамнешниот бараж дуел против Чешка, а „Зборнаја" се пласираше на следното СП 2019.
 
Во Русија, Калараш настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санкт Петербург. 
 
Во последната сезона Калараш ги бранеше боите на Магдебург каде настапуваше и во Купот на ЕХФ. 
 
Во Бундеслигата одиграше 28 натпревари и постигна 17 гола. вз/сст/17:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ