• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Кадетките со петти пораз од пет меча на ЕП од „Б“ дивизијата

Кадетките со петти пораз од пет меча на ЕП од „Б“ дивизијата

Подгорица, 21 август 2018 (МИА) - Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство од „Б“ дивизијата  со пораз од Исланд со 64-55 (24-29). 
 
Македонските кошаркарки имаа сила само за едно полувреме, а во второто противникот ги презеде работите во своите раце и на тој начин избраничките на Стојна Вангеловска доживеаја нов пораз и завршија на последно место во групата „Б“.
 
За нашите репрезентативки ова беше петти пораз во петтиот меч. 
 
Најдобар стрелец за „жолто-црвените“ беше Николиќ со 19 поени, додека Илина Селцова постигна 10. 
 
По овој пораз, нашите кадетки ќе се борат за пласман од 17 до 23 позиција на првенството во Подгорица.вз/сст/20:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ