• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Куп на Македонија: Кит-го го победи Шкупи, Тиквеш ја совлада Ренова

Куп на Македонија: Кит-го го победи Шкупи, Тиквеш ја совлада Ренова

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија денеска се одиграа повеќе натпревари, а најголемото изненадување го направија второлигашите Кит-го, совладувајќи го со 2:0 фаворизираниот Шкупи во Пехчево, и Тиквеш, кој ја порази Ренова со 2:1 во Кавадарци.

Вардар рутински со 4:0 го совлада Вардари во Форино, а скопски Работнички со високи 6:0 триумфираше кај Фортуна.

Силекс славеше против Братство Влазними со 7:0, а натамошен пласман избори и Академија Пандев која победи со 1:3 на гостувањето против Лабуништа во Струга.

Последните два натпревара од ова коло ќе се играат на 29 август и петти септември.

Резултати од денешните натпревари од првото коло:

Кораби – Борец 1:0

Велазерими – Беласица 0:4

Фортуна – Работнички 0:6

Лабуништа – Академија Пандев 1:3

Кит-го – Шкупи 2:0

Поешево – Брегалница (Ш) 0:2

Вардари – Вардар 0:4

Осогово – Пелистер 0:1

Тетекс – Гостивар 3:4 пенали (1:1)

Братство Влазними – Силекс 0:7

Тиквеш – Ренова 2:1

Превалец – Македонија ЃП 0:2

Вардар Неготино – Скопје 1:3

Струга Трим Љум – Победа (29. август)

Кожуф – Шкендија (5. септември) дб/мч/21:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ