• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Македонските фудбалери до 17 години ремизираа со У-19 репрезентацијата на Малта

Македонските фудбалери до 17 години ремизираа со У-19 репрезентацијата на Малта

Валета, 22 август 2018 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години денеска одигра реми без голови во пријателскиот натпревар против репрезентацијата до 19 години на Малта.

Македонските фудбалери под водство на Марио Вујовиќ ги започнаа подготовките на Малта со натпревар против две години постарата генерација на домаќинот.

Македонската репрезентација ја очекуваат уште два натпревари со врсниците од Малта, првиот утре, а вториот в сабота.

Во рамки на подготовките за квалификациите за Европското првенство се очекува и во Скопје да се одржат пријателски натпревари. Македонија е во група со Шпанија, Израел и Фарските Острови. дб/бак/21:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ