• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Младите кошаркари до 14 години со прв триумф на „Словенија Бол““

Младите кошаркари до 14 години со прв триумф на „Словенија Бол““

Словењ Градец, 23 август 2018 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација до 14 години оствари прва победа на турнирот „Словенија Бол“, кој се одржува во Словењ Градец, Словенија. Младите кошаркари славеа победа со 82-55 над своите врсници од Хрватска.

Нашите надежи во првото коло загубија од Словенија, но денеска одиграа многу подобро и доминираа против Хрватите.

Најдобар во нашиот состав беше Марко Трипуноски со 18 поени, а кај Хрватите најпрецизен беше Лука Крајновиќ со 22 коша.

Во текот на утрешниот ден М14 ги очекуваат уште два натпревари во групата.

Во 9:00 часот „жолто-црвените“ играат против селекцијата на Русија, а од 14:30 часот следи дуелот против селекцијата на Унгарија. вз/aa/21:37

###

ФОТО: КФМ


Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...