• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Ѓорческа поразена во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен

Ѓорческа поразена во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен

Њујорк, 23 август 2018 (МИА) - Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен од 128-та тенисерка на светската ВТА листа, Јана Фет (Хрватска), која славеше во три сета со 6:3, 2:6, 6:3.

Откако си разменија по еден сет, Ѓорческа го загуби петтиот гем на свој сервис во решавачкиот дел, по што Фет поведе со 2:3. Во деветтиот гем, иако нашата тенисерка имаше водство со 40-15, Хрватката направи пресврт, стигна до првата првата меч-топка и ја искористи.
 
Вет ја очекува дуел со Американката Даниел Лао во следното коло., додека Ѓорческа го завршува своето учество, откако забележа само една победа над Лорен Дејвис (САД) во првото квалификациско коло.вз/07:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ