Охридски пливачки маратон по 32. пат

Охридски пливачки маратон по 32. пат

Охрид, 25 август 2018 (МИА) – Триесет пливачи во машка и женска конкуренција денеска ќе учествуваат на 32. Охридски пливачки маратон. Стартот на 25 километарската траса  во водите на Охридското Езеро ќе биде од Свети Наум до пристаништето.

Годинава патеката „Климе Савин“ ќе биде пет километри пократка од вообичаените 30, а организатор е Пливачката федерација на Македонија. Земјава ќе ја претставуваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Во машкa конкуренција тронот ќе го брани германецот Александар Стуџински, а во женска Барбара Позобен од Италија

Стартот на пливачкиот маратон ќе го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија.

Наградниот фонд на 32. Охридски пливачки маратон е 15.000 долари. сс/ев/08:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...