• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Вардар и ПСЖ ремизираа на турнирот во Стразбур

Вардар и ПСЖ ремизираа на турнирот во Стразбур

Стразбур, 25 август 2018 (МИА) - Вардар и ПСЖ одиграа нерешено 33:33 на турнирот во Стразбур, Франција. Македонскиот првак имаше водство во текот на целиот натпревар, но во завршница противникот успеа да се избори за реми.

Ова беше прв натпревар на новиот тренер на ПСЖ, Раул Гонзалез, против својата поранешна екипа, откако во Скопје ги помина последните четири сезони.

Вардар на натпреварот настапи без двајца стандардни првотимци, Игор Карачиќ и Вуко Борозан, а во второто полувреме остана и без Стојанче Стоилов, но сепак одигра на високо ниво и на паузата замина со водство од 20:14.

Македонскиот шампион предноста ја зачува до 57-та минута кога ПСЖ првпат израмни, а потоа натпреварот до самиот крај се играше гол за гол.

Најефикасни во македонскиот тим беа Тимур Дибиров и Сергеј Горбок, кои постигнаа по седум голови.

Вардар денеска во второто коло ќе игра против Мешков Брест.дб/ев/08:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ