• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во тек пријавување за велосипедската тура околу Калиманско Езеро

Во тек пријавување за велосипедската тура околу Калиманско Езеро

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Во Македонска Каменица по повод денот на градот на 28 август ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci lake“. Должината на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.
 
Пријавувањето е во периодот од девет до 10 часот, пред стартот на турата на денот на оддржување.
 
- Велосипедската тура е рангирана како средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател. За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна кацига и дополнителна индивидуална додатна опрема, истакнаа од здружението „Urban Champion“, на чија иницијатива се организира трката.
 
Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има цел покрај дружење и рекреација на учесниците, да придонесе за промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калиманско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.вс/лв/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ