Италијанците доминантни на Охридскиот пливачки маратон

Италијанците доминантни на Охридскиот пливачки маратон

Охрид, 25 август 2018 (МИА) - Италијанците Франческо Гетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на 32. издание на Охридскиот пливачки маратон, што се одржа денеска во Охридското Езеро.

Во неизвесниот финиш втор во машка конкуренција стигна Едуардо Сточино, а трет беше Андреа Бјанки, двајцата од Италија. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и македонецот Евгениј Поп Ацев, кој сепак не заврши на подиумот.

Од жените втора беше Ана Олас од Унгарија, а Аличе Франко од Италија е трета.

Охридски маратон

Натпреварувачите ги пречка претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој им честиташе и на најдобрите во машка и женска конкуренција им врачи пехар, а за вторите и третите - медали.

Апсолутниот победник на 25 километарската делница „Климе Савин“, беше италијанецот Џетини, кој патеката ја мина за 5 часа 13 минути 59 секунди и 62 стотинки.

Охридски маратон

Во изјава за медиумите потврди дека прв пат учествува на Охридскиот пливачки маратон и после добриот старт успеал да стигне до победа.

- Беше навистина добра трка. Од почетокот се обидов да не ја користам целата моја сила и на крај успеав да победам, рече Џетини, кој скоро цело време ги предводеше маратонците, кои несвојствено пливаа во група.

Барбара Поцопон, која и минатата година го освои овој маратон нагласи дека трката била добра, но оти на крај времето не ги послужи.

- Почнавме со сонце, а завршивме со дожд и бранови што е тешко за оваа пливачка дисциплина, рече Поцопон.

Нашиот претставник Поп Ацев, кој беше во водечката група иако очекувал медал заостана во последните метри.

- Последните метри заостанав поназад од тоа што се надевав. Добра трка. Иако не се чуствував баш најдобро за време на трката сепак на финишот се надевав дека ќе освојам барем медал, но последните метри снемав сила, изјави Поп Ацев.

Охридски маратон

Дваесет и пет километарската трка ја почнаа 30 натрпеварувачи во машка и женска конкуренција, од кои двајца се откажаа некаде на половина, во близина на Трпејца.

Стартот го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија. сс/нд/19:06

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...