• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Делчево се одржува меѓународен кошаркарски камп

Во Делчево се одржува меѓународен кошаркарски камп

Делчево, 26 август 2018 (МИА) - Во организација на кошаркарскиот клуб „Клубски Патриот“ во Делчево се одржува традиционалниот меѓународен кошаркарски камп „Делчево 2018“.

На кампот учествуваат околу 100 дечиња од неколку градови во Македонија и Бугарија за чии тренинзи ќе бидат задолжени еминентни тренерски имиња познати на македонската кошаркарска јавност.
 
- Имаме учесници од Делчево, Радовиш, како и дечиња кои во текот на денот треба да пристигнат од Благоевград и Ќустендил од соседна Република Бугарија. Овој кошаркарски камп претставува едно обележје на кошаркарскиот клуб Клубски Патриот и на самиот град Делчево. Присутни се еминентни имиња на тренери кои во наредните неколку дена ќе бидат задолжени дечињата да го добијат потребниот тренинг и знаење за кошаркарската игра, информира Љупчо Петровски, тренер на кошаркарскиот клуб „Клубски Патриот“.
 
Тренерот Марјан Шарковски кој на кампот ќе биде задолжен за тренинзите, објаснува дека во наредните неколку дена освен на загревање ќе се работи и на техничко тактичка како и физичка подготовка на младите кошаркари.
 
- Загревањето е еден од најважните аспекти за правилно одржување на тренинзите, затоа кампот го започнавме со загревање и тренинзи, а во продолжение на кампот според посебно поготвена програма од страна на тренерот Љупчо Петорвски ќе се изучуваат елементи на техника и тактика со акцент на физичката поготовка на дечињата, рече Шарковски.
 
Меѓународниот кошаркарски камп во Делчево под водство на тренерот Љупчо Петровски и тогашниот клуб Младост започна да се организира од 1992 година и од тогаш до денес 26 години е синоним за развој на кошарката во Делчево.вс/лв/12:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...