Вардар со пораз од Нант остана на последното место на турнирот во Стразбур

Вардар со пораз од Нант остана на последното место на турнирот во Стразбур

Стразбур, 26 август 2018 (МИА) - Вардар со пораз од Нант со 29:27 го заврши на последното место настапот на турнирот во Стразбур.

Ракометарите на Вардар беа рамноправен противник во натпреварот со повеќе резултатски осцилации, а на неколкупати имаа и водство, но сепак во клучните моменти дозволија пад на играта.

Францускиот тим, за кој настапува македонскиот ракометар Кире Лазаров, ги искористи слабостите на македонскиот првак и извојува победа.

За Вардар дополнителен проблем беше и тоа што настапи без тројца стандардни првотимци, Игор Карачиќ, Вуко Борозан и капитенот Стојанче Стоилов.

Стоилов на првиот натпревар во Стразбур ја повреди дланката и два месеца ќе паузира.

Вардар со едно реми и со два порази остана на шестото место на турнирот во Стразбур.дб/мд/15:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...