Академија Пандев го совлада Шкупи, победи за Вардар, Силекс и Работнички

Академија Пандев го совлада Шкупи, победи за Вардар, Силекс и Работнички

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Вардар ја совлада Македонија ЃП со минимални 1:0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на единствениот погодок беше Тигран Барсегјан во 41-та минута, кој со гол од пенал му донесе победа на Вардар.

Во останатите натпревари од колото, Академија Пандев со 1:0 го совлада Шкупи во Турново.

Победата на домаќините им ја донесе Диме Димов во 21-та минута со удар со глава.

Работнички ја совлада Победа со 0:2 на „Тумбе Кафе“ во Битола. Во петтата минута Остоја Стјепановиќ реализираше пенал за водство на Работнички, а Петар Петковски во 60-та минута беше прецизен и ја потврди победата.

Силекс ја победи Ренова со 1:0 во Кратово, a Димитар Иванов во 86-та минута им jа донесе победа на домаќините.

Македонскиот првак Шкендија утре ќе го пречека новиот прволигаш Беласица во Тетово.

Академија Пандев е најголемото изненадување на стартот на новата сезона во Првата лига, откако ја забележа и третата победа и со максимални девет бодoви се наоѓа на врвот на табелата во македонскиот шампионат. Вардар со седум бодови се наоѓа на втората позиција.дб/мд/19:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ