Македонскиот кошаркарски талент Теодор Симиќ потпиша за Барселона

Македонскиот кошаркарски талент Теодор Симиќ потпиша за Барселона

Барселона, 27 август 2018 (МИА) – Младиот македонски кошаркар Теодор Симиќ својата кариера ќе ја продолжи во младинскиот погон на шпанскиот гигант Барселона.

Трансферот го објавија шпанските медиуми, како и специјализираниот сајт за кошарка „Спортандо“.

Симиќ кој е роден 2004 година е најавен како еден од најголемиот македонски таленти кој има потенцијал за НБА лигата.

Тој беше најдобар играч на македонската репрезентација до 14 година која викендот настапи на турнирот „Словенија Бол“ и го освои 6. место. зс/09:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.