Шкендија убедливо ја совлада Беласица

Шкендија убедливо ја совлада Беласица

Тетово, 27 август 2018 (МИА) - Македонскиот првак Шкендија ја совлада  струмичка Беласица со 4:1 попладнево во Тетово во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица по само десет минути игра со голот на Ирфан Вусљанин поведе со 0:1.

Иако домаќините настапија со комбиниран состав поради реваншот против Розенборг, на крајот сепак целта ја оствариja, а играч на натпреварот беше Изаир Емини кој постигна хет-трик за Шкендија.

Емини беше прецизен во 35-та минута за израмнување од 1:1, а четири минути подоцна Жуниор и донесе водство на Шкендија од 2:1.

Во второто полувреме Емини постигна уште два гола за  убедлива победа на актуелниот шампион од 4:1.

Шкендија по два реми натпревари успеа да стигне до првата победа во новата прволигашка сезона.дб/бк/19:45

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...