Еурофарм Работник ќе одигра три меѓународни натпревари

Еурофарм Работник ќе одигра три меѓународни натпревари

Битола, 28 август 2018 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Работник оваа недела ќе ја минат во Србија и Босна и Херцеговина каде што ќе одиграат три натпревари од подготвителниот период.

Избраниците на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ ја завршија првата фаза на подготовки во Битола, потоа една недела беа во Маврово и одиграа четири натпревари на турнирот во Струга.

По враќањето во Битола, ракометарите на Еурофарм Работник тренираат секојдневно, а в среда ќе отпатуваат во Белград, каде в четврток ќе се соочат со српскиот суперлигаш Партизан.

- Ден подоцна експедицијата ќе замине за БиХ, каде ќе биде дел од Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“. Како дел од истиот ќе настапат и екипите на Вогошча Хилс, Искра Бугојно и домаќинот Челик Зеница. Еурофарм ќе одигра еден полуфинален натпревар в сабота и во зависност од исходот и финале или натпревар за трето место в недела, информира прволигашот од Битола преку клупскиот сајт. зс/12:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.