Дванаесетгодишниот Марко го преплива Охридско Езеро

Дванаесетгодишниот Марко го преплива Охридско Езеро

Охрид, 28 август 2018 (МИА) – Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро.

Малиот Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина, ако се знае дека момчето има доживеано инфаркт на долните екстремитети.

Пејчиновски кој пристигна на целта и покрај лошите временски услови во почетните километри, на крајот доби овации од голем број сограѓани.

Патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид долга 30-ина километри во минатото често пати била несовладлива за многу поискусни маратонци. зс/19:42

###

фото: ohridnews.mk

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...