Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев

Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев

Струмица, 28 август 2018 (МИА) - Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев.

Тој веќе тренира со тимот, а во тек е и комплетирањето на потребната документација за добивање на правото за настап во ПМФЛ.

Шиков е играч со богата меѓународна кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа и Работнички.

За македонската репрезентација настапи на 52 натпревари и постигна четири голови. дб/бак/19:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ