Во Неготино почна 11. издание на турнирот во улична кошарка

Во Неготино почна 11. издание на турнирот во улична кошарка

Неготино, 29 август 2018 (МИА) - На градскиот плоштад во Неготино синоќа почна 11. издание на турнирот во училна кошарка „Street Ball 2018“ на кој учествуваат екипи од неколку градови во регионот. 

Се игра во три конкуренции и тоа машка сениорска и јуниорска и женска конкуренција. 

- На првиот ден од турнирот во мошне силна конкуреција беа одиграни неколку одлични натпревари од првото и второто коло на турнирот. Денес ќе бидат одиграни натпреварите од третото, последно коло од групната фаза и првата четвртфинална елиминациска фаза од турнирот. Утре ќе бидат одиграни натпреварите од завршницата, односно двата полуфинални натпревари, натпреварот за третото место и големото финале на овогодинешното издание од турнирот. На последниот ден од турнирот ќе биде организиран и натпреварот во тројки кој е особено атрактивен за гледачите, изјави денеска Методи Митрев, портпарол во општина Неготино.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари, а за најдобрата екипа во сениорска конкуренција предвидена е награда од 20.000 денари. Наградите ќе ги врачи градоначалникот на Неготино, Тони Делков, кој е покровител на манифестацијата. свд/бак/10:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...