За дуелите со Гибралтар и Ерменија, Ангеловски повика 18 фудбалери

За дуелите со Гибралтар и Ерменија, Ангеловски повика 18 фудбалери

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации.

„Црвено-жолтите“ на 6 септември се среќаваат со Гибралтар, три дена подоцна (9 септември) играат со Ерменија.

На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека).

Повик од Ангеловски добија:

Голмани: Столе Димитриевски и Давид Митов Нилсон;

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Мите Цикарски;

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски и Елиф Елмас;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Иван Тричковски. зс/13:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...