Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но ги респектираме противниците

Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но ги респектираме противниците

Скопје, 29 август 2018 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации.

- Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на Нации со три бода. Сите мисли се насочени кон Гибралтар, а потоа ќе мислиме на Ерменија, истакна Ангеловски.

Македонија на 6 септември му гостува на Гибралтар, додека на 9 септември ја пречекува Ерменија.

Во новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации, во групата-Д покрај овие три селекции се наоѓа уште и Лихтенштајн. зс/14:14

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.