• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Турскиот стручњак Хајати Сојдаш е нов тренер на Шкупи

Турскиот стручњак Хајати Сојдаш е нов тренер на Шкупи

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Турскиот фудбалски стручњак Хајати Сојдаш е назначен за нов тренер на фудбалскиот клуб Шкупи.

Сојдаш во македонскиот прволигаш доаѓа на местото на досегашниот тренер Зекирија Рамадани, кој си поднесе оставка откако Шкупи беше елиминиран во Купот од второлигашот Кит го и по три кола во првенството нема победа.

- На последниот натпревар не одигравме толку лошо, иако загубивме на крајот од Академија Пандев. Имавме шанси за реализација, особено во второто полувреме. Клубот поминува низ тежок период на резултатски план оваа сезона. Кога еден тренер си оди, а друг доаѓа е навистина тешко да се мотивираат фудбалерите да го покажат својот квалитет, кој несомнено го поседуваат. Во иднина ќе се фокусираме од натпревар на натпревар, истакна 52-годишниот Сојдаш.

Турскиот тренер наведе дека на следниот натпревар на 2 септември, кој фудбалерите на Шкупи го играат на домашен терен против Шкендија, очекува тие да го дадат својот максимум.

Претходно, Сојдаш бил главен тренер на екипите Б.Б. Анкараспор, Анкарагучу, Санлиуфаспор и Етимесгут Беледијеспор. дб/рп/19:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...