АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

Скопје, 30 август 2018 (МИА) – На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели на Марко Пејчиновски еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.

- За подвигот што го направи Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднина доколку се работи правилно на неговиот раст и развој,  изјави Каевски за МИА.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски во иднина да прерасне во успешен спортист. зс/14:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ