Кавадарци од утре домаќин на Балканско првенство во друмски велосипедизам за јуниори/ки, кадети/ки

Кавадарци од утре домаќин на Балканско  првенство во друмски велосипедизам за јуниори/ки, кадети/ки

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Кавадарци во следниве три дена (31 август - 2 септември) ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита.

Организацијата е на страна на Велосипедската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општина Кавадарци.

- АМС финансиски ја поддржува Велосипедската федерација на Македонија, за организација на разни проекти за домашни и меѓународни натпреварувања, за едукација на тренери, за младински клубови. Тоа се средства кои директно се наменети за спортистите. Продолжуваме со силна поддршка во насока на развивање на велосипедизмот и кај професионалните тимови и во рекреативни рамки, рече Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Предвидено е учество на 12 држави од Балканот, членки на Балканската велосипедска унија („BCU“), а секоја држава може да учествува со максимум по 14 велосипедисти,  во машка и женска конкуренција или вкупен број на натпреварувачи 168, што го прави овој настан еден од најмасовните велосипедски настани во Македонија.

Рангирањето е во поединечна конкуренција, победникот во секоја категорија се здобива со назив Балкански шампион .

Трката се одржува  по техничкиот правилник на „UCI“ и правилникот на ВФМ. зс/14:40

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...