Билетите за натпреварот против Ерменија по цена од 100 и 150 денари

Билетите за натпреварот против Ерменија по цена од 100 и 150 денари

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија ќе учествува во новото натпреварување на УЕФА, Лига на нациите, и ќе се обиде за првпат во својата историја да обезбеди пласман на Европското првенство.

Македонската репрезентација првиот домашен натпревар од Лигата на нациите го игра на деветти септември против Ерменија со почеток во 18:00 часот во Скопје.

Билетите за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба од трети септември и истите ќе можат да се купaт по цена од 100 денари за јужната трибина и 150 денари за северната трибина.

Од ФФМ информираат дека продажен пулт ќе има во Скопје сити мол во период од трети до деветти септември, а билетите ќе може да се купат и преку продажната мрежа на „МКТикетс“.

Воедно влезници ќе можат да се купат и на благајната на националната арена „Филип Втори“ на денот на натпреварот од 12:00 часот до почетокот на натпреварот. дб/сст/15:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ