Аријан Адеми поради повреда ги пропушта натпреварите против Гибралтар и Ерменија

Аријан Адеми поради повреда ги пропушта натпреварите против Гибралтар и Ерменија

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, поради повреда нема да настапи за македонската репрезентација на натпреварите од Лигата на нациите против Гибралтар на шести септември и против Ерменија на девети септември.

Адеми се повреди на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Јанг Бојс и беше заменет по 32 минути игра. По направените медицински прегледи утврдено е дека има расцепување на задниот бутен мускул, а тоа значи дека македонскиот репрезентативец ќе мора да паузира еден месец.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, нема да повикува замена за повредениот Адеми за првиот од двата септемвриски натпревари, а дополнително ќе одлучи дали ќе повикува друг фудбалер за дуелот против Ерменија. дб/сст/16:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ