Тошевски дополнително повикан во репрезентацијата

Тошевски дополнително повикан во репрезентацијата

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски доби повик од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски за натпреварите против Гибралтар и Ерменија (9 септември) во Лигата на Нации.

Ангеловски го повика Тошевски на местото на Аријан Адеми (Динамо Загреб) кој поради повреда на задниот бутен мускул ќе паузира еден месец.

Лигата на Нации, Македонија ја отвора на 6 септември со гостување во Гибралтар, а три дена подоцна (9 септември) „црвено-жолтите“ ја пречекуваат Ерменија. зс/12:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...