• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Гоце Седлоски нов тренер на Широки Бриег

Гоце Седлоски нов тренер на Широки Бриег

Широки Бриег, 31 август 2018 (МИА) – Македонскиот фудбалски стручњак Гоце Седлоски кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го води тимот на Широки Бриег.

Седлоски потпиша двегодишен договор, а на тренерската позиција ќе го замени Борис Павиќ, кој само по два и пол месеци си заминува од клубот.

Тренерската кариера Седлоски ја започна како асистент во Матерсбург, а потоа самостојно ги водеше Хоризонт Турново, Вардар и Рига. дб/ев/18:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ