Шкендија фаќа приклучок со водечките во ПМФЛ

Шкендија фаќа приклучок со водечките во ПМФЛ

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) – Со победата над Шкупи попладнево на „Чаир“ против Шкупи со 2:1, актуелниот македонски шампион Шкендија се најде на делба на третата позиција на табелата со ист број бодови како Вардар.

Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за тетовските „црвено-црни“, додека единствениот гол за Шкупи го постигна Кристијан Стојковски.

Другите натпревари од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа вчера:
Беласица – Вардар 1:1,
Ренова – Македонија ЃП 1:1,
Силекс – Победа 0:0,
Работнички – Академија Пандев 1:0.

Табела: Работнички 9 бода, Академија Пандев 9, Шкендија 8, Вардар 8, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Шкупи 2, Македонија ЃП 2, Беласица 1. зс/18:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.