Макпетрол со осум медали на Државното првенство во карате

Макпетрол со осум медали на Државното првенство во карате

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) – Каратистите на Макпетрол постигнаа најдобар резултат во генерален пласман на Државниот изборен карате турнир одржан во текот на вчерашниот ден во Штип. Ова првенство имаше пред се критериумски карактер за избор на македонската репрезентација ,која во ноември треба да настапи на Светското првенство во Мадрид, Шпанија. 

Макпетрол освои осум медали од кои четири златни (Сара Радичевска, Наташа Стефановска, Давид Петков и Моника Стефановска) и по две сребрени (Симона Заборска, Ангела Мојсовска) и бронзени (Моника Пендаровска, Петар Заборски).

- За овој државен турнир ние се подготвуваме интензивно цело лето. Турнирот поради критериумскиот дел за избор на репрезентацијата  е од големо значење за каратистите и затоа тие имаат и голем психички притисок. Ние генерално можеме да бидеме задоволни од постигнатото со тоа што во нашите редови, имаме натпреварувачки потенцијал и за подобри постигнувања, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски. зс/10:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...