• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Одржана првата сесија од „Опен фан фудбал 2018“ во Кратово

Одржана првата сесија од „Опен фан фудбал 2018“ во Кратово

Кратово, 3 септември 2018, (МИА) – На спортските терени на комплексот „Мусала“ во Кратово викендот се одржа првата сесија од годинашната забавна фудбалска школа „Опен фан фудбал Кратово 2018“.

- Двесте дечиња на возраст од 6 до 12 години уживаа во лудориите на тревникот, некои од нив за прв пат беа воведени во спортски-тренажен процес, останатите ги надополнија спортските познавања, едноставно, дружеа и се забавуваа, спортуваа и уживаа во концептот на забавни отворени фудбалски школи, кој несомнено, предизвика голема радост кај сите дечиња, истакна Антонио Насевски, лидер на „Опен фан фудбал Кратово“.

Информира дека дружењето продолжува на 6 септември, четврток, со почеток во 17 часот, на истата локација.

- И во наредните два дена од одржување на школата (6 и 7 септември) ќе се реализираат програмски активности соодветни на концептот на овој вид школи. Во петок предвидено е да ни се придружат и дечињата од опен –фан фудбал школите во Македонска Каменица, со кои ќе се реализираме еднодневно другарување, додаде Насевски.

„Опен фан фудбал Кратово“ се одржува низ комбинирани тренинзи, со дополнителен едукативен сегмент, следење младински тренинзи и натпревари на фудбалерите од градот. Школата е поддржана од градоначалникот на општината. ид/зс/10:37

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...