Македонските фудбалери тргнаа за Гибралтар

Македонските фудбалери тргнаа за Гибралтар

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија замина кон Гибралтар каде ќе го почне својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации.

Денеска од Скопје кон Малага полетаа седум фудбалери кои потоа со автобус ќе го продолжат патот до Гибралтар.

Заедно со Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, кон Малага полетаа и селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб,

Првиот собир ќе биде во Гибралтар, каде ќе се приклучат и останатите повикани репрезентативци, предводени од капитенот Горан Пандев.

Македонија му гостува на Гибралтар на 6 септември, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Ерменија. зс/12:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...