Парондо: Постепено да ја креваме формата

Парондо: Постепено да ја креваме формата

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) – Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо посакува утрешниот дуел со Железеничар во СЕХА лигата да послужи за подигнување на формата на тимот, бидејќи се наближува стартот на Лигата на шампионите.

- Очекувам да одиграме подобро отколку на средбата од првото коло. Се обидуваме да ја креваме формата. Ни се наближува почетокот на Лигата на шампионите и овие средби треба да ги искористиме за да можеме на тие средби да покажеме далеку подобра игра, изјави парондо.

Предводникот на Вардар информира дека Игор Карачиќ и Вуко Борозан се чувствуваат подобро и дека постојат шанси тие утре да играат.

Тренер на српскиот вицепрвак Железничар е поранешниот шеф на стручниот штаб на Вардар, Веселин Вујовиќ.

- Секогаш кога во Скопје доаѓа екипа која е предводена од Веселин Вујовиќ знаеме дека не очекува интересна средба. На тие дуели ние влегуваме максимално мотивирано и сакаме да одработиме најдобро што може. Oчекуваме добар натпревар и сакаме да го покажеме најдоброто од нас на овој натпревар, изјави Тимур Дибиров.

Натпреварот ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански" со почеток во 20 часот и 15 минути. зс/14:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.