• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Благоја Тодоровски на позајмица во Работнички

Благоја Тодоровски на позајмица во Работнички

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) – Тимот на Работнички се засили со членот на шампионот Шкендија, Благоја Тодоровски.

Тој како позајмен играч од тетовскиот клуб ќе настапува во дресот на Работнички во првиот дел од сезоната.

Тодоровски беше дел од Работнички од 2011 до 2015 година, а потоа замина кај „црвено-црните“ од тетово.

Со согласност на двата клуба, фудбалерот повторно ќе заигра за Работнички, соопштено е на клупскиот сајт на „романтичарите“. зс/14:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.