Парондо: Игравме со голем интензитет

Парондо: Игравме со голем интензитет

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо смета дека неговите избраници против Железничар успеале во намерата да го подигнат интензитетот на играта во споредба со претходните натпревари.

- Игравме подобро во споредба со претходниот дуел. Се обидовме да наметне посилно темпо и мислам дека успеавме во тоа. Против овој тим не лесно да се игра. Можеби тие се млади, но тие се добри играчи. За мене оваа победа значи многу, бидејќи Железничар Ниш е добар тим, рече Парондо на прес-конференцијата по натпреварот.

„Црвено-црните“ синоќа ја запишаа втората победа во СЕХА лигата совладувајќи го српскиот тим со убедливи 35:20.

Гостинскиот тренер и некогашен предводник на вардарци, Веселин Вујовиќ рече дека неговиот тим наишол на силен ривал кој има квалитет за успешни резултати и во Лигата на шампионите.

- Јасно беше кој е фаворит и сакам да му честитам на Вардар за повеќе од заслужена победа. Секој има свои цели, свои грижи, продолжуваме и знам дека Вардар ќе биде успешен и во ЕХФ Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Не се сомневам дека можат да постигнат многу, потенцира Вујовиќ. зс/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...