• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Ристовски: Лига на Нации е шанса која треба да се искористи

Ристовски: Лига на Нации е шанса која треба да се искористи

Гибралтар, 5 септември 2018 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар ги почнува натпреварите од Лига на Нации. Дефанзивецот Стефан Ристовски во новото натпреварување гледа убава шанса која мора да се искористи.

- Лигата на Нации е нова шанса за сите нас. Се подготвуваме долго време, веќе неколку години сме заедно во репрезентацијата и одлично се познаваме. Денешниот фудбал не дозволува опуштање, фаворити сме против Гибралтар, но мораме тоа да го потврдиме на натпреварот. Не бегаме од фаворитската улога и ќе го покажеме тоа на теренот. Голем дел од нашите репрезентативци играат во одлични клубови, стандардни се во своите екипи и се надевам дека тоа ќе го пренесеме и низ натпреварите во Лига на Нации, изјави Ристовски за веб страната на ФФМ.

По гостувањето во Гибралтар, македонските репрезентативци се враќаат во Скопје каде на 9 септември ја пречекуваат Ерменија. зс/07:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...