• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Европска недела на спортот во насока на промовирање на здрав живот

Европска недела на спортот во насока на промовирање на здрав живот

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која од 23-30.09 се одржува на територија на цела Европа, па и кај нас.

Изминатиов период, но и во периодот на „Европската недела“, се одржуваат настани во насока на промовирање на неделата на спортот и сите активности кои таа ќе ги содржи.

Европската недела на спортот насловена како #BeActive ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.евр.недела спорт

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

Видеото за проектот може да се погледне на следниов линк. зс/10:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.