• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Куп на федерации“: Младите репрезентативци подобри од Летонија

„Куп на федерации“: Младите репрезентативци подобри од Летонија

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години оствари победа со 1-2 против домаќинот Летонија во рамките на пријателскиот турнир „Куп на федерации“.

„Црвено-жолтите“ дојдоа до победа благодарение на Бојан Колевски, кој се запиша во листата на стрелците во 57-та и 75-тата минута. Домаќинот на турнирот го ублажи поразот преку Озолинс во 80-тата минута од средбата.

Македонија У19 наредниот меч го игра во сабота против врсниците од Украина, а во понеделник ќе ги одмери силите со Фарски Острови. вз/аа/18:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ