• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Ангеловски: Целта беа трите бода и успеавме

Ангеловски: Целта беа трите бода и успеавме

Гибралтар, 7 септември 2018 (МИА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, по вчерашниот триумф во првото голо од Лигата на нациите против Гибралтар со 2:0 изјави дека целта е остварена и дека го постигнале тоа за кое дошле.

- Наша цел беа трите бода, во што и успеавме. Сакавме што поскоро да дадеме гол и да го потврдиме со уште еден, па потоа да довршиме рутински, и да ги сочуваме силите за мечот со Ерменија, изјави Ангеловски.

Во однос на замената на Пандев на полувреме, тој посочи го направил тоа затоа што сака да биде свеж за мечот со Ерменија, кој се игра по три дена во Скопје.
 
- Тој е многу важен фудбалер за нас, во неделата одигра цел меч за Џенова, па го повлеков од игра за да го сочувам свеж за пресметката со Ерменија, изјави тренерот на „црвено-жолтите“.вз/са/08:44
 
Фото: ФФМ

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...