Кузмановски потпиша со „Еурофарм Работник“

Кузмановски потпиша со „Еурофарм Работник“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски денеска потпиша со „Еурофарм Работник“. 
 
Тој ја прекина соработката со Металург и стави потпис на договор со битолскиот клуб, кој важи до крајот на сезоната.
 
За средниот бек беа заинтересирани уште неколку странски екипи, меѓу кои и ППД Загреб и Татран Прешов, но тој одлучи да остане во Македонија барем до крајот на сезоната.
 
Од следната, Кузмановски ќе се пресели во Бундеслигата, каде што има договор со тимот на Магдебург.вз/скс/14:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...